Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, попладне невреме со пороен дожд, ветер и грмежи

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно со променлив правец. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне се очекува да има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот во поголемиот дел на земјата се очекува да преовладува претежно стабилно и топло време, но во планинските предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.