Следи нѐ
To Top

Статуи на „голиот“ Доналд Трамп „никнаа“ низ Америка (ФОТО)

Статуи кои го прикажуваат Доналд Трамп без парче облека на себе, се појавија во неколку големи американски градови, јави Би-Би-Си.

Актите се во природна големина, и го претставуваат Трамп со голем стомак и без дел од гениталиите. Тие беа откриени истовремено во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сиетл и Кливленд под мотото „Императорот нема ма*иња”.

Статуата во Њујорк, која е поставена без дозвола од властите, предизвика изненадување, љубопитни погледи и насмевки кај минувачите, кои веднаш посакаа да го овековечат моментот со своите фотоапарати, пред уметничкото дело да биде отстрането од градската управа.

People-photograph-a-naked-statue-of-Republican-US-presidential-nominee-Donald-Trump-that-was-left[1]

Творечкиот тим „Индиклајн”, којшто го сочинуваат разни уметници, артисти, музичари и кинематографи, призна дека овој акт е нивно дело.

– Тие привремени поставки го претставуваат привремениов кошмар и нашата желба наесен да погледнеме наназад и да се изнасмееме на неуспешниот и залуден обид на Доналд Трамп да стане претседател – изјавија уметниците.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.