Следи нѐ
To Top

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер – во вторник нагло заладување!

Развој на нестабилна облачност во пладневните часови на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Нестабилно, како што соопштуваат од УХМР ќе биде и во делови од Скопската котлина.

За време на викендот не очекува претежно стабилно и топло, а во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.

Во случај на појава на електрични празнења, од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.