Следи нѐ
To Top

УХМР: Циклон доаѓа кон Македонија – од понеделник пад на температурата

Денес од пладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, претежно во планинските подрачја во источна Македонија, но на места и во југозападните делови, а од градовите само во Прилеп. Проследена е со краткотраен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе се задржат и во попладневните часови, но ќе останат изолирани во планинските подрачја.

Утре времето ќе биде стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во северозападните планински подрачја.

Од понеделник попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на следната работна недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.

Во понеделник попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.

Потоа во следните денови ќе има врнежи со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурите од вторник ќе бидат значително пониски и ќе се движат од 20 до 28 степени.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.