Следи нѐ
To Top

РИО 2016: Србија ја победи Хрватска во финалето на ватерполо турнирот

Ватерполо репрезентацијата на Србија го освои златниот медал на Олимпијадата во Рио и на тој начин ги обедини титулите европски, светски и олимписки шампион.

Синоќа во финалето на олимпискиот турнир, Србија ја победи Хрватска со убедливи 11:7 и сосема заслужено се најде на највисокото место на победничкиот подиум.

Српските ватерполисти првиот период го завршија со предност од 3:2, а веќе на полувремето имаа „плус три“ – 6:3. И во третиот период беа подобри од „коцкестите“ (3:2), а само последната четвртина беше рамноправна и заврши со резултат 2:2.

Најефикасен играч на натпреварот беше Душан Мандиќ од победничкиот тим со четири постигнати погодоци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.