Следи нѐ
To Top

Собрани над 740 илјади евра парична помош за полавените

До вчера Црвениот крст на РМ во поплавените подрачја дистрибуирал 30.049 пакети со храна, 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 2.792 конзервирана храна, 28.791 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 6.204 пакети со хигиена, 1.098 бебешки пакети, 295 тони вода, 746 пакети пелени, 568 душеци, 4.400 кебиња, 600 килограми облека, 734 парчиња чизми, 341 литри дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1.036 маски…, а укажани се и 177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Како што информираат од Црвениот крст, поради постоење натамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за седум дена и ќе трае заклучно со 29 овој месец. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани и натаму можат да се вклучат со обезбедување парична помош:

– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 32.372.244 денари на сметката на Фондот на солидарност, додека на сметката од телефонските повици собрани се 13.186.000 денари.

Од Црвениот крст апелирааат во активностите за донирање хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од утре помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 8 до 18 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.