Следи нѐ
To Top

УХМР: Нестабилно време со дожд, засилен северен ветер и силни грмежи

Во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладнево ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.

И во Скопската котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Во случај на појава на електрични празнења, УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата животни да се групираат  во помали групи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.