Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Посвежо со северен ветер, дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

И утре времето ќе биде променливоо облачно и свежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.