Следи нѐ
To Top

ИСТРАЖУВАЊЕ: Близнаците се подолговечни од останатите луѓе

Испитување извршено врз речиси 3.000 двојки близнаци од Данска покажа дека тие, особено машките „идентитечни“ еднојајчени близнаци во просек живеат подолго од другите луѓе.

Научниците од Универзитетот на Вашингтон веруваат дека тоа се должи, пред се, на блискоста помеѓу една таква двојка и меѓусебната поддршка. Близнаците едноставно имаат најдобар пријател од самото свое раѓање.

Мажите кои имаат брат близнак имаат шест отсто повеќе шанси да живеат над 45 години отколку останатите. Кај жените таа разлика изнесува 10 отсто.

– Како што можевме да видиме, во која било возраст еднојајчените близнаци пребродуваат потешкотии со повисока веројатност отколку двојајчените – изјави статистичарот Дејвид Шероу, водач на тимот од Унииверзитетот, којшто го изврши истражувањето.

Основните статистички податоци се преземени од данскиот „Регистар за близнци“, еден од најстарите од ваков тип. Проверката и споредбите опфатиле 2.932 двојки истополови близнаци родени помеѓу 1870 и 1900 година. Следуваат споредби со податоци од други држави.

Во однос на брачниот живот како фактор во долговечноста, Шероу вели дека или бракот го прави човекот поздрав, или пак, на здравите луѓе едноставно им годи бракот, односно се склони кон живеење во каква било друштвена заедница.

– Друштвеноста и социјализацијата го подобруваат квалитетот на животот на повеќе начини. Пријателите поттикнуваат здрави активности, емоционална и материјална исполнетост. Просто, корисно е да се има некој близок до себе – додаде Шероу.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.