Следи нѐ
To Top

ФОРБС: Џенифер Лоренс повторно најплатена актерка во светот

Оскаровката Џенифер Лоренс втора година по ред е најплатена aктерка во светски рамки, иако годинава заработи шест милиони долари помалку во однос на минатата година.

Изминатава година, ѕвездата од „Игри на гладните“ заработила вкупно 46 милиони долари, благодарение најмногу на нејзиниот ангажман во последниот, четврти филм од серијалот, и во „Патници“, којшто својата премиера ќе ја има во декември. Овој податок повторно ја смести Лоренс на врвот на листата на Форбс.

Зад неа на листата се наоѓаат Мелиса Мекарти, Шарлиз Терон, Џенифер Анистон, Џулија Робертс, Мила Кунис и многу други познати актерки.

Во 2012, Џенифер Лоренс го доби „Оскарот“ за главна женска улога во „Тетратка со сребрени линии“, па оттогаш нејзината кариера оди само по нагорна линија. Лани таа заработи 52 милиони долари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.