Следи нѐ
To Top

Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите од земјотресот во Италија

Од Црвениот крст на Република Македонија денеска оствариле контакт со италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените било изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди централна Италија.

Како што е наведено во соопштението од Црвениот крст на РМ била понудена помош за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведувањето на спасувачките акции.

Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период, како што се додава во сопштението, е подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во централна Италија.

– Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да се приклучат кон оваа активност со уплата на парични средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Македонија на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: Донација за настраданите од земјотресот во Италија, почнувајќи од денеска до 09 септември годинава. Исто така, секој заинтересиран граѓанин почнувајќи од 30 авгсут до 09 септември годинава може со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 да донира 100 денари, информираат од Црвениот крст на Република Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.