Следи нѐ
To Top

Едно лице загина во сообраќајка кај Подмоље

Н.Ј (1977) од охридското село Оровник загина во сообраќајна несреќа што се случи изутрина околу шест часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на пензинската пумпа Бесјани кај село Подмоље.

Според СВР Охрид, до несреќата дошло кога патничко возило „пежо“, управувано од Н.Ј од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „Хјундаи“, управувано од Љ.Ч (1961) од Охрид.

Н.Ј бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Во тек е увид и утврдување на причините за несреќата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.