Следи нѐ
To Top

Екстремно кампирање на височина од 1.700 метри (ФОТО)

Околу стотина кампери ги расклопија своите шатори на работ од планината Лаоѓуен, во Кина, за да присуствуваат на неверојатниот призор на изгрејсонце.

Кампирањето на планината Лаоѓуен, во кинеската провинција Хенан, е едно од најекстремните, со оглед на фактот дека камперите спијат на раб од планината, на височина од 1.700 метри.

– Се наоѓаме на задната страна од планината, која не е ветровита и не е отворена за туристички обиколки, туку претставува релативно удобно место за камперите, вели Сју Леј, еден од организаторите на патувањето.

DCIM100MEDIADJI_0750.JPG

„Околу 22 часот почнаа да не опкружуваат „море од облаци“, кои тука беа се до следниот ден, до 17 часот. Неверојатно искуство, изгледаше како да се наоѓаме на средина од океанот, а планината е голем брод што плови.“

Поставената ограда ги штитела камперите во шаторите од можен пад, а организаторите поставиле и преносливи ортоми и батериски лампи. На местото на кампот, исто така, била достапна и интернет-конекција, така што камперите своите искуства веднаш ги споделувале на социјалните мрежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.