Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Најмило мое“ е најновата песна на Александра Јанева (ВИДЕО)

МК Сцена

„Најмило мое“ е најновата песна на Александра Јанева (ВИДЕО)

Младата струмичанка Александра Јанева деновиве го претстави својот најнов музички проект со малку поинаков и подинамичен летен звук.

Премиерното претставување на најновата композиција „Најмило мое“ се случи на годинашното 23 издание на Интернационалниот фестивал Охрид фест – Охридски трубадури.

Александра, позната како двократен победник на Макфест во 2013 и 2016, настапи на сцената на Долни Сарај заедно со Хелена Благне, Влатко Илиевски, Ѓоко Танески, Џокси, Маја Оџаклиевска, како и популарната група „Бони М“.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот на Владимир Дојчиновски. На своето премиерно прикажување во Охрид композицијата ги доби наградите за „Најдобар текст“ и „Најдобар аранжман“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.