Следи нѐ
To Top

Викендот во Скопје во 26 сообраќајки, повредени 25 лица

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди во кои се повредени 25 лица.

На 26 август – петок сообраќајната полиција извршила увид на 12 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, шест се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле осум лица.

Се случила и една незгода во која тешки телесни повреди се здобил возач на мотоцикл .

На 27 август – сабота извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, а со полесни повреди во пет сообраќајки се здобиле седум лица.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а две лица имале тешки повреди.

На 28 август – недела во пет сообраќајки кои се случиле, со полесни повреди се здобиле пет лица. Во друга незгода со тешки телесни повреди се здобил пешак.

Од СВР – Скопје за МИА информираат дека во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Шеесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, а 7 возачи почетници сториле прекршоци по разни основи. Санкционирани се и 4 возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 42 лица возачи кои управувале возило без возачка дозвола односно нерегистрирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“, од наша страна отстранети се 88 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Буба Мара “ матичен објект објект истите се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.