Следи нѐ
To Top

Двојките се караат најмалку два пати за време на годишниот одмор

Поголем дел од мажите и жените кои се во врска признаваат дека се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор во текот на летото.

Летувањето е време за одмор и релаксација, но и покрај тоа тензиите меѓу партнерите не исчезнуваат.

Интересно е дека јаболкото на раздорот за време на одморот најчесто е костумот за капење. Според новото истражување, премногу отворените костуми за капење на жените, предизвикува погледи од мажите на целата плажа. Тоа ги „полудува“  близу 2/3 од жените, кои признаваат дека љубомората за време на одморот на море им ескалира.

Втората најчеста причина за расправии за време на летувањето е желбата на мажите да патуваат и да разгледуваат различни места, додека понежниот пол претпочита лежалки до базенот.

Третата причина за неодобрување на жените е прекумерната употреба на алкохол од страна на нивните партнерка.

Истражувањето покажува дека 79 отсто од двојките се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор.  Истражувањето покажа и дека 62 отсто од испитаниците изјавиле дека се расправаат секој ден, а шест отсто од двојките дури и резервираат различни соби за време на летниот одмор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаавгуст 29, 2016
  • Осум правила за уживање во кафето

    Уживателите на кафето секојдневно се соочувуаат совети и мудрувања околу тоа – дали кофеинот е штетен или полезен.

    Информативна Редакцијаавгуст 29, 2016
  • Руски научници од јаглен направиле злато

    Научници од руската Амурска Област по долгогодишни истражувања успеале да дојдат до заклучок дека е можно од искористен јаглен да се...

    Информативна Редакцијаавгуст 29, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.