Следи нѐ
To Top

Илјадници посетители за настапот на Цеца во Македонска Каменица (ФОТО)

Балканската мега ѕвезда Цеца уште еднаш докажа дека е најголема музичка дива на овие простори.

Синоќешниот спектакуларен концерт долго ќе остане во сеќавање на нејзините фанови кои имаа можност за двочасовно уживање. Илјадници граѓани од цел регион непрекинато пристигаа во малата рударска општина. Урнати се сите досегашни рекорди по број на посетители, продадена храна и пијалоци.

Цеца концертот го започна со дел од песните од новиот албум „Автограм“, по што следуваа нејзините најголеми хитови кои предизвикаа делириум кај публиката. Концертот и големото балканско музичко шоу кое се случуваше во Македонска Каменица, од 26-ти до 28-ми август, беше затворен со спектакуларен огномет.

14067532_1489020807790398_6280102151207178048_n

Организацијата која беше на високо ниво овозможија се да помине во најдобар ред и без никаков инцидент, што е причина плус за задоволство и кај организаторите и кај публиката.

Пред концертот, градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски и претставници од генералниот покровител на концертот Рудник Саса остварија средба со големата музичка ѕвезда и ја запознаа со историјата на градот и функционирањето на рудникот.

01

Уште сега е најавено врвно музичко шоу и за наредната 2017 година и многу ѕвезди од земјава и странство.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.