Следи нѐ
To Top

ЉУБОВ НА СЦЕНАТА НА МТВ НАГРАДИТЕ: Дрејк призна дека ја сака Ријана (ВИДЕО)

Дефинитивно ова беше најслаткиот момент за време на МТВ Видео музичките награди кои се одржаа вчеравечер во Њујорк.

Дрејк не се појави на сцената кога неговиот спот на песната „Hotline Bling“ беше прогласен за најдобро хип-хоп видео, затоа што наводно заглавил во сообраќајот, но затоа се појави на самиот крај за на својата омилена девојка Ријана да и ја врачи престижната Мајкл Џексон Видео Вангард награда.

Дури и Ријана изгледаше изненадена, но и среќна што Дрејк се појави за да и ја додели наградата.

Сигурно веќе сте слушнале како се „озборува“ дека тие двајца се во врска, а судејќи по погледите кои ги разменуваат, не можеме, а да не помислиме дека тие разговори се вистина и дека има повеќе од добро пријателство.

1472443600rihanna_i_drake3[1]

Барем од страната на Дрејк. Во еден момент во говорот Дрејк изјави дека е всушност заљубен во Ријана.

– “Таа е девојката во која сум заљубен од својата 22 година!”, рече Дрејк, додека Ријана симпатично ги заврте очите.

Навистина беше слатко!

Погледнете го тој убав момент:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.