Следи нѐ
To Top

ЊУЈОРК ЗАБЛЕСКА: Вчеравечер се доделија МТВ Видео музичките награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер во Медисон Сквер арената во Њујорк се одржа доделувањето на МТВ Видео музичките награди.

Ултимативен победник на вечерта беше Бијонсе, која од 11 номинации, дома понесе дури 8, меѓу кои оние за видео на годината, најдобар видеоспот во женска категорија и најдобар поп видеоспот.

Бијонсе ја потврди оваа доминација и по изненадниот настап кој го најави нејзината блиска другарка, тенисерката Серена Вилијамс. Квин Би, како што милуваат да ја наречат фановите, изведе компилација на песни долга 17 минути, меѓу кои „Pray You Catch Me,” „Hold Up,” „Sorry,” „Don’t Hurt Yourself” и „Formation”, од нејзиниот актуелен албум „Lemonade“.

Инаку, нејзиното доаѓање на црвениот тепих заедно со ќеркичката Блу Ајви ќе биде нешто за кое долго ќе се зборува.

Beyonce arrives with her daughter Blue Ivy. REUTERS/Lucas Jackson

REUTERS/Lucas Jackson

Во продолжение погледнете официјална фотогалерија од црвениот тепих во Њујорк:

Kim Kardashian and Kanye West. REUTERS/Lucas Jackson Rapper Nicki Minaj has her hair touched up as she arrives. REUTERS/Eduardo Munoz Ariana Grande. REUTERS/Lucas Jackson Singer Britney Spears. REUTERS/Eduardo Munoz Actor Jaden Smith. REUTERS/Eduardo Munoz Rappers Nicki Minaj and Meek Mill. REUTERS/Eduardo Munoz Nick Jonas. REUTERS/Lucas Jackson
<
>
Rapper Nicki Minaj has her hair touched up as she arrives. REUTERS/Eduardo Munoz

Ова е настапот кој ги одбележа МТВ наградите:

Иако изгледаше дека вечерта беше посветена на Бијонсе, наградите всушност беа посветени на Ријана, која ја освои престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard“ која и ја додели никој друг, туку Дрејк, кој и самиот освои награди за најдобар хип-хоп артист.

Дрејк пред цел свет призна дека е заљубен во Ријана од своите 22 години, а непосредно пред наградите Дрејк и го честита успехот на Ријана со тоа што постави огромен билборд со порака закачен на една зграда во Лос Анџелес. Со ова само се потврди озборувањето дека Ријана и Дрејк се во врска.

Rihanna performs. REUTERS/Lucas Jackson

REUTERS/Lucas Jackson

Бритни Спирс имаше голем „кам бек“ на сцената на МТВ, и тоа дури после 10 години и со хип-хоп ѕвездата Џеј Изиџем премиерно ја изведе песната „Make Me…” од својот нов, 10 по ред, студиски албум „Glory”. Нив ги најави единствената Ким Кардашијан Вест, а во текот на вечерта на бината се појави и нејзиниот сопруг, Канје Вест. Тој уште еднаш приреди „Канје момент“, овојпат преку монолог за своите колеги, а после тоа следуваше ексклузивна премиера на неговиот нов сингл „Fade“.

Britney Spears performs. REUTERS/Lucas Jackson

REUTERS/Lucas Jackson

Што се однесува за наградата за најдобро видео во машка категорија, наградата ја доби Калвин Харис за спотот на песната  „This Is What You Came For“ која ја сними во соработка со Ријана, а текстот го напиша Телјор Свифт.

Девојките од Фифт Хармони освоија награда за најдобра летна песна – „All In My Head“, а нивната втора награда беше во категоријата најдобра соработка, за песната „Work From Home“.

Во продолжение погледнете како изгледаше сцената во Њујорк:

Rihanna performs. REUTERS/Lucas Jackson Ariana Grande performs during the 2016 MTV Video Music Awards in New York. REUTERS/Lucas Jackson Future performs. REUTERS/Lucas Jackson Beyonce accepts the Female Video of the Year award. REUTERS/Lucas Jackson Britney Spears performs. REUTERS/Lucas Jackson Britney Spears performs. REUTERS/Lucas Jackson Rihanna performs. REUTERS/Lucas Jackson U.S. Olympic gymnasts Madison Kocian, Aly Raisman, Simone Biles and Laurie Hernandez appear on stage. REUTERS/Lucas Jackson Beyonce arrives with her daughter Blue Ivy. REUTERS/Lucas Jackson
<
>
U.S. Olympic gymnasts Madison Kocian, Aly Raisman, Simone Biles and Laurie Hernandez appear on stage. REUTERS/Lucas Jackson

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.