Следи нѐ
To Top

КАЗНА ЗА „ЕПЛ“: Не плаќале данок за своето работење во Ирска

Европската комисија ѝ пресуди на „Епл“ – американската компанија е должна на Ирска да и исплати 13 милијарди евра на име на неплатен данок за своето работење во Ирска, што е највисока казна која некогаш е изречена.

ЕК спровела обемна, тригодишна истрага, од која заклучила дека профитот од данокот кој американската компанија го присвоила е илегален.

реклама

Како што се вели, „селективниот третман“ му дозволил на „Епл“ да плаќа само еден отсто данок на вкупниот профит остварен во Европа. ЕК истакнува дека ваквиот „нефер однос“ му овозможил на овој гигант да плаќа значително помал данок од конкуренцијата. Според ЕК, „Епл“ добивал „илегална поддршка од државата“ која не им била овозможена на другите компании.

Истрагата открива на кој начин моќната американска компанија ја сели својата интелектуална сопственост во земји кои имаат пониски даночни стапки. Се очекува дека „Епл“ ќе ја обжали оваа пресуда.

Од друга страна Ирска не ги сака парите на „Епл“, пренесува Гардијан. Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан истакнал дека „силно се противи“ на оваа одлука на ЕК.

„Ваквата пресуда не остава други можности освен да биде обжалена. Ќе побарам од владиниот кабинет да дозволи пресудата да биде обжалена, бидејќи оваа пресуда е директен удар врз даночниот систем на Ирска“, рекол Нунан.

За разлика од ирскиот министер за финансии, Маргарет Вестагер, која е европски комесар за конкурентност на пазарот, рекла дека целата работа е чиста и дека пресудата не преставува никаква казна за американската компанија, туку дека „Епл“ едноставно мора да плати данок.

Таа потенцира дека Ирска и САД го прекршиле законот.

„Државите членки на Европската унија не смеат да даваат даночни олеснувања на одредени компании. Тоа е против законите на Европската унија. Комисијата заклучи дека Ирска на компанијата и гарантирала незаконски даночни олеснувања, кои на „Епл“ му овозможиле да не го плати задолжителниот данок, односно најголемиот негов дел“, истакнала Вестагер.

ЕК пронашла неправилности во работењето помеѓу Ирска и „Епл“ кои резултирале со значително намалено плаќање на данок уште од 1991 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијаавгуст 30, 2016
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијаавгуст 30, 2016
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијаавгуст 30, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.