Следи нѐ
To Top

Од утре до недела ладно пиво и добра музика на Кале

Утре започнува фестивалот кој сите со нетрпение го очекуваме- Пиволенд 2016.

Од среда па се до недела, посетителите на Скопското Кале ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе слушаат добра музика и ќе уживаат во голем број атракции кои ги нуди фестивалот оваа година.

Голем избор на пива од различни страни на светот ќе може да се купат на 20-те пивски штандови на фестивалот, како и скара, грицки и мезиња.

Официјално фестивалските врати ќе бидат отворени во среда од 18:00 за сите посетители, а влезот е бесплатен.
Музичката програма ќе биде поделена на три бини на Кале, како и една во Пивница „Стар Град“. Покрај главната бина, ќе може да слушате добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ( џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс).

programa_pivolend_2016

За доброто расположение задолжени ќе бидат: Рибља Чорба, Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Министарке, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други.

Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: Кендо, мечување, стрелаштво.

На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни.

За оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите, ќе има штанд со пивски коктели, а од пиварите велат дека секојдневно ќе има акциски промоции на одредени продукти.

На фестивалот ќе се престави и првата микро пиварница во Македонија- „Темов“, како единствена од ваков тип во регионот.
Ги советуваме сите кои сакаат да дегустираат пиво, да не возат туку да користат градски и јавен превоз.

Фестивалот е во организација на „Темов“, а со поддршка од Град Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.