Следи нѐ
To Top

УХМР: Попладне и утре невреме во југоисточните делови

Услови за нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат хидрометеоролозите за денеска попладне и кон крајот на денот особено на југ и на исток.

Од УХМР информираат дека во ноќните часови понекаде се уште ќе има краткотраен повремен дожд и ретки грмотевици, пред се во планинските региони.

Утре, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата.

Утре процесите ќе бидат најчести во попладневните часови. Кон крајот на денот од север ќе се намалува облачноста.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.