Следи нѐ
To Top

СКАПИ ПОДАРОЦИ И ВИП ГОСТИ: Зоки Фаци гламурозно го прослави роденденот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еден од најконтроверзните новинари кај нас, тв водителот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци, вчера во популарното „Дежаву“ го прослави 33-от роденден.

Со моет, торта на која пишуваше „ФАЦИ“ и скапи подароци помина роденденската забава на која беа негови блиски пријатели.

Покрај стриптизетата Црна мачка, газдата на секси шоповите „Валијант“ Горан Милиќ, топ моделот Спасе Кликовац, беше и неговиот личен фитенс тренер Ненад Андоноски.

14194189_540630522813731_158000057_n

На влезот од „Дежаву“ стоеше и личното обезбедување на Зоки кои не даваа пристап до сепарињата каде беа сместени ВИП гостите. Набрзо после роденденот Зоки Фаци се пофали со скапите подароци, од брендирана гардероба, часовници, па се до скапиот модел на очила за сонце Долче Габана, подарок од неговата другарка Мелита Ракичевиќ.

Џетсетерката и модел Софија Каракаева му пратила телеграма со честитки дури од Санторини,каде што е моментално на летување, а на Фејсбук осамна и фотка од чантата на брендот Бос, подарок на Зоки од познат бизнисмен. Трите моета кои се отворија на масата на славеникот му стигнаа од анинимен обожавател.

14191982_539823446227772_4508122116060770305_n[1]

Инаку Зоки Фаци веќе 11 години е дел од македонскиот шоубиз и актуелен новинар во порталот Либертас. Досега има добивано голем број награди за неговите емисии Ексклузив и Фаци кои одеа на популарната А1 телевизија. Освен тоа, Зоки работи маркетинг и пиар во кафулето „Дежаву“, како и режисер на голем број спотови на пејачите од македонската естрада.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.