Следи нѐ
To Top

10 години мото култура и бренд!

Ноќните волци се многу повеќе од мото клуб, со својот минат труд и реализирани цели докажаа дека од моторџиството треба да се гради мото култура и бренд што не се купува, туку заслужува.

Оправдано присутни во сите општествени сфери, а најмногу таму каде е потребна нивната помош, како што беше кај поплавените семејства или дружбата со децата со аутизам, Ноќните волци докажуваат дека црната кожна јакна не е само симбол на мачо мен, туку и на храброста, борбеноста, хуманоста, лојалноста, почитувањето и чесноста кои се едни од главните мотиви на овој мото клуб.

Изминатиот викенд во Скопје се одржа Интернационалниот мото фестивал кој беше домаќин на голем број моторџии од земјата и сите околни земји, но и од Словачка, Чешка и Русија.

Мотото на годинешниот собир, освен прославување на 10 годишнината од постоењето на мото клубот, беше посветувањето големо внимание на безбедноста во сообраќајот. Имајќи ги во предвид големиот број на жртви во текот на целата година, клубот преку мото дефиле низ главниот град го адресираше проблемот како кај останатите учесници во сообраќајот, така и кај самите моторџии кои возат несовесно.

<
>

Интересно е тоа што ова претставува најголемото мото дефиле, со најголема колона на моторџии, кое досега се случило во Македонија.

– „Од ова место преку ова дефиле, сите ние тука присутни, испраќаме порака до сите учесници во сообраќајот, до сите институции и организации кои со своето делување на било кој начин се во сообраќајната проблематика да обрнат многу поголемо внимание на нашето присутво на сообраќајниците како моторџии. Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани моторџии во сообраќајните незгоди, со што за жал моторџиите веќе се сврстуваат во едни од најранливите категории на учесници во сообраќајот.“ – изјави Татјана Алексиќ, во име на претседателот на Ноќните волци, Ленин Јовановски.

Освен дефилето, фестивалот имаше и музичка програма.

Програмата во петок започна Дани, а потоа настапи бугарскиот ска состав Uikeda, по што следуваа домашните рок состави Dirty Side и Backdoor Band. Музичкиот дел в сабота го отворија македонските блузери In the Mood, а веднаш потоа следуваше настапот на италијанскиот состав Achtunng Babies кој е најдобар кавер или трибјут бенд на групата U2.

Фестивалот го затворија Band X, трибјут бенд на хардрок легендите AC/DC.

Во неделата, за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Ноќните волци беа на заеднички ручек со нивниот духовен отец, владиката Наум, на кој присуствуваа нивните семејства, пријатели и поддржувачи.

14080056_1369883113025069_6265214230483105026_n[1]

Општествената одговорност на клубот продолжува на 31 август, кога Ноќните волци присуствуваа на отворањето на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија во Битола, заедно со Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак, со почесниот конзул Сергеј Самсоненко и поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан кој изврши молитвено осветување на конзулатот.

14095991_1372633559416691_4129824715858486073_n[1]

Едно деценискиот минат труд на еден реномиран и светски познат мото клуб, остава зад себе многу реализирани остварувања, заради исто толку многу вложувања и откажувања, но секогаш во име на нивните слободарски и правдољубиви клупски мотиви : „Не ги следи туѓите патишта, направи свој пат и дозволи им на другите да го следат. Колективното е над личното, иднината е поважна од сегашноста и правдата е посилна од законот.“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.