Следи нѐ
To Top

ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Денес сончево и многу топло – од вторник заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот ќе има локален дожд.

Значителна промена на времето се очекува од вторник до крајот на наредната работна седмица кога под влијание на влажни воздушни бранови ќе има поголема количина на воден талог. На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Температурата на воздухот ќе биде во опаѓање и ќе се движи во вторник од 20 до 25, а во среда од 18 до 23 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има ниска вредност и ќе изнесува 4.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.