Следи нѐ
To Top

Сончево и топло, од утре дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи во северните делови од земјата. 

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од утре под влијание на серија на влажни воздушни бранови се очекува значителна промена на времето. Во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата. Температурата на воздухот значително ќе опадне и ќе се движи од 18 до 25 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.