Следи нѐ
To Top

Авионот паднал два километри над селото Кожле

Два километри над селото Кожле, катлановско е пронајден паднатиот авион кој изгуби контакт со кулата во Скопје.

Медиумските екипи се сопрени од полицијата на километар пред селото и најверојатно до утре нема да биде дозволен приод до местото на несреќата.

Од МВР потврдија дека авионот исчезнал од радарот во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ од скопскиот аеродром. Авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополна на гориво.

Инаку, авионот е регистриран во Германија, а според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.