Следи нѐ
To Top

Облачно, врнежливо и постудено

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во западните и јужните делови од земјата. Температурата значително ќе опадне. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и свежо со повремен пороен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 3.

Во среда времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно и врнежливо, а во попладневните часови и повремено нестабилно време.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.