Следи нѐ
To Top

Пронајден изгубениот авион во пламен во атарот на Велес

Во близина на селото Ветерско, атар на општина Велес е пронајден авионот кој пред околу половина час исчезна од радарот на скопскиот аеродром.

Првичните информации од спасувачките служби се дека авионот е во пламен, а теренот е непристапен.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓани дека слушнале експлозија во близина на с.Кожле.

Првата информација за урнатиот авион пристигнала од жители на селото кои слушнале силен звук, удар и експлозија. Кон локацијата веќе се упатени спасувачки служби од Скопје и од Велес.

Селото Ветерско е во непосредна близина на пункот на „Македонија сообраќај“ кој се наоѓа на познатата велешка тумба на автопатот Велес – Скопје, пред да започне спуштањето кон Катланово.

Според информациите, авионот е од марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.