Следи нѐ
To Top

Свечена академија за Св. Мајка Тереза

Во рамки на Татковинската прослава „Денови на Св. Мајка Тереза“ која се одржува по повод прогласувањето на Мајка Тереза за Светица денеска во МАНУ ќе биде одржана Свечена академија.

На Свечената академија најавени се обраќања на Таки Фити, претседател на МАНУ, Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура и Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх.

На Академијата ќе настапат и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Вечер во катедралата „Свето Срце Исусово“ ќе се одржи света миса, а во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба и прикажани филмови во организација на Сестрите Мисионерки на Љубовта.

Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ се одржуваат од 5 до 11 септември.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.