Следи нѐ
To Top

Четворица Италијанци и двајца Косовци биле во авионот што се урна во Кожле

Четворица италијански граѓани и двајца косовски државјани биле во патничкиот авион „пајпер“ кој денеска од Тревизо тргнал на пат за Приштина. На скопскиот аеродром авионот бил пријавен за полнење на гориво, а 4 минути пред слетувањето се изгубил од радарот.

Авионот беше пронајден во пламен во близина на селото Кожле.

Неофицијално, спасувачките екипи досега пронашле остатоци од едно јагленосано тело. Пронајдени биле и други предмети од паднатиот авион.

Телевизија НОВА пренесе и фотографија од урнатиот авион.

Спасувачките екипи се на терен, а полицијата не дозволува пристап до местото на падот на авионот.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изјави дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.

Екипа на обвинителството е на терен работи на расветлување на несреќата,  но се уште не сакаат да дават детали за медиумите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.