Следи нѐ
To Top

Шестмина загинати во авионската несреќа кај Кожле

Авионот што исчезна попладнево се урнал кај велешкото село Кожле, каде што се најдени остатоци од леталото.  Локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата загинале шест патници чиј идентитет не е утврден, но се работи за четворица Италијанци и за двајца косовски државјани.

Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.