Следи нѐ
To Top

АЈФОН 7 МАНИЈА: Претставен новиот модел на најпопуларниот мобилен телефон во светот (ФОТО)

Конечно се стави крај на сите гласини за изгледот и перформансите на новиот Ајфон.

Епл и официјално го претстави својот најнов телефон, со дизајн сличен на неговиот претходник Ајфон 6с – има заоблени рабови, модел со две камери, отпорен е на вода и прашина, а доаѓа и во неколку нови бои, меѓу кои е и црната боја.

– „Веќе продадовме над 1 милијарда телефони. Ова го прави iPhone најпродаваниот продукт од својот вид.“, вели Тим Кук.

Новиот Ајфон 7 доаѓа во две верзии Ајфон 7 и Ајфон 7 Плус. Tелефоните доаѓа во пет бои: две црни, сребрена, златна и розева.

Новиот модел е изработен од унапреден алуминиум кој гарантира одличен квалитет, а гласините кои кружеа во изминатиов период се покажаа како точни – новиот телефон нема 3,5 милиметарски аудио влез, и наместо тоа Ајфон 7 доаѓа со лајтнинг порта.

Phil Schiller, Senior Vice President of Worldwide Marketing at Apple Inc, discusses the iPhone 7 during an Apple media event in San Francisco, California, U.S. September 7, 2016. REUTERS/Beck Diefenbach

REUTERS/Beck Diefenbach

Поголемата верзија на телефонот, Ајфон 7 Плус доаѓа со две задни камери. Првата е теле-фото камера, а втората широко-аголна камера. Ова ќе овозможи далеку поквалитетни слики кога се користи зум. Присуството на втората камера овозможува 2х оптички зум.

Седмицата доаѓа со целосно нов процесор – четиријадрениот А10, кој според зборовите на Фил Шилер, тоа е најдобриот процесорско-графички чип кој е вграден во паметен телефон.

За само 150 долари можете да ги добиете и новите безжични слушалки од Епл, Ерподс. Слушалките се паметен уред кои знаат кога се поставени во увото, кога корисникот зборува, кога ја активира Сири. Слушалките се поврзуваат со телефонот и со часовникот.

Phil Schiller, Senior Vice President of Worldwide Marketing at Apple Inc, discusses the Apple AirPods during a media event in San Francisco, California, U.S. September 7, 2016. REUTERS/Beck Diefenbach

REUTERS/Beck Diefenbach

Епл тврди дека оваа серија на телефони има најмоќна батерија досега која трае подолго од сите претходници.

Нарачките започнуваат веднаш во САД и Канада, а неколку дена подоцна и во остатокот од светот, а првите испораки се очекува да започнат на 16-ти септември.

Ајфон 7 ќе чини исто како и неговиот претходник Ајфон 6С кога се појави на пазарот – 649 евра за верзија од 32 GB. Исто така, достапни се и модели со 128 и 256 GB. Цената на Ајфон 7 Плус изнесува 749 евра за 32 GB, а исто така, ќе бидат достапни и модели со 128 и 256 GB.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.