Поврзи се со нас

Популарно.мк

Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија – во сабота ќе чекори на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

МК Сцена

Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија – во сабота ќе чекори на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Славниот австралиски кинематографер Џон Сил синоќа пристигнал во Македонија, соопштија денеска од ИФФК „Браќа Манаки“.

Кинематограферот од Австралија, кој во Македонија ќе престојува заедно со својата сопруга Луиз, денеска ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на филмскиот фестивал ќе ја добие наградата за животно дело „Златна камера 300“

-Сил, по кусиот одмор денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“. Џон Сил (John Seale) снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“, се вели во соопштението од ИФФК „Браќа Манаки“.

На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да  проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.