Следи нѐ
To Top

10-то јубилејно издание на фестивалот Вино Скоп

Од 28 септември до 2 октомври во центарот на Скопје, традиционално ќе се одржи фестивалот кој ги слави виното и музиката- Вино Скоп 2016.

Десет години, градот Скопје секоја есен ужива во боите и вкусовите на македонското вино и деликатеси кои одлично одат во комбинација со добра чаша квалитетно вино, а годинава јубилејно ќе го прославиме десеттото издание на најпознатиот вински фестивал.

Од организацијата по повод јубилејот ветуваат весела музичка програма, учество на над 20 винарии како и многу други забавни активности со кои ќе се одбележи десетиот роденден на Вино Скоп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.