Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Црвен крст го одбележува Светскиот ден на првата помош

Актуелно

Црвен крст го одбележува Светскиот ден на првата помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година ќе одбележат Светскиот ден на првата помош.

Одбележувањето кое го организираат во соработка и со поддршка на СВР Скопје, ќе биде  со изведување показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ Бисер, пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).

Ќе бидат симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје треба правилно да ги санираат. За сите кои правилно ќе укажат Прва помош предвидени се  награди, а оние кои немаат доволно знаење, ќе бидат едуцирани од волонтерите на Црвениот крст обучени за правилно укажување прва помош.

Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот и треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.