Следи нѐ
To Top

Киев домаќин на Евровизија 2017 година

Главниот град на Украина, Киев ќе биде домаќин на натпреварот за најдобра песна на Евровизија 2017 година, одлучи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и националната телевизија на Украина (НТУ).

Организацијата на оваа 62. по ред Евровизија е доделена на најголемиот украински град по овогодишната голема победа на нивната претставничка Џамала во Шведска со песната „1944“. Конкуренција на Киев беа Одеса и Днипро.

– По деталниот процес на селекција многу сме задоволни што Киев ќе биде град домаќин на Евровизија 2017 година, изјави претставник на ЕБУ, кој воедно и честиташе на националната телевизија на Украина на проценката.

– Киев имаше прекрасна презентација и се радуваме за заедничката работа на највозбудливото шоу во мај наредната година, порача супервизорот  Јон Ола Санд.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.