Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГАРЕВСКИ: „Земјотреси со овој интензитет не можат да урнат објекти“

Актуелно

ГАРЕВСКИ: „Земјотреси со овој интензитет не можат да урнат објекти“

Земјотресот регистриран попладнево во Скопје во 15:10 часот бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.

Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотерсно инженерство од Скопје, земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат уривање на објекти туку само помали оштетувања.

Во меѓувреме, дел од жителите во Скопје, особено станарите од повисоките згради, вознемирени од потресите излегоа на улица и во блиските паркови. Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот прекинато е снабдувањето со електрична енергија. пријавени се и помали штети на станбени објекти и на возила.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе места низ државата, како и во Србија и Косово.

Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.