Следи нѐ
To Top

ИЗИИС: Како да се заштитите за време на земјотрес

Земјотресот кој попладнево ги вознемири скопјани предизвика паника меѓу граѓаните кои ги напуштија своите домови.

ИЗИИС објави прирачник за заштита при силни потреси и земјотреси.

Паниката и стравот не се во корист на безбедноста на целото семејтво, па потребна е присебност и да се знаат некои информации кои можат да бидат од корист.

Дел од советите се:

-Веднаш засолнете се на побезбедни места, довратници, носечки ѕидови, под маса или друг цврст дел од мебелот и покријте го лицето и главата со рацете, останете таму додека трае потресот.

– Ако лежите спуштете се покрај креветот и заштитете ја главата со рацете.

-Оддалечете се од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати и било што може лесно да падне како што се ормари, полици, лустер и слично.

-Останете во затворениот простор додека трае потресот, најмногу повреди настануваат при обид за напуштање на затворениот простор додека трае потресот.

Додека трае потресот не користете лифтoви и скали.

Целиот документ прочитајте го ОВДЕ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.