Следи нѐ
To Top

50 граѓани повредени од земјотресот во Скопје

Околу 50 граѓани од Скопје се повредени од земјотресите во Скопје. Според информациите, пренесени од медиумите,над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете и исеченици попладнево се примени во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.

Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека сѐ уште се прават неопходни снимања на дел од пациентите за да се утврдат повредите.

Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските катови.

Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 пациенти повредени при земјотресот. Сите биле транспортирани во скопските болници. Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со исеченици.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.