Следи нѐ
To Top

Вчера регистрирани повеќе од 13 земјотреси во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, вчера регистрирала повеќе од 13 земјотреси во Скопското епицентралното подрачје.

Серијата започнала со земјотрес во 6 часот и 58 минути, кој имал локална Рихтерова магнитуда 3.9, а бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала.

Една минута подоцна, во 6 часот и 59 минути, се случил друг послаб земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

По ова следувале послаби и непочувствувани земјотреси.

Најсилниот земјотрес се случил во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети – и во останатите делови на Република Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби.

По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани се околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.