Следи нѐ
To Top

Ден по силниот земјотрес земјата во Скопје сѐ уште се тресе

Нов земјотрес попладнево во 14 часот и 19 минути беше почувствуван во Скопје и околината.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала

Претходно, земјотрес со магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.

Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.