Следи нѐ
To Top

ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ: Афтершокови може да има и 10 дена по силниот земјотрес

После земјотрес со магнитуда од 5,3 степени, како тој што вчера го погоди Скопје, нормално е да следи афтершокова активност на послаби земјотреси која трае од два дена до повеќе од 10 дена, вели Драгана Чунихин од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, пренесува ПЛУСИНФО.

– „Искуството покажува дека во скопскиот регион земјотреси до магнитуда четири се случуваат на десетина години, оние со магнитуда 5 на стотина години, додека пак тие со магнитуда шест на 500 години“ – вели Чунихин.

Таа повторува дека не може да се каже дали постои опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес силен како оној вчера или посилен.

– „Постои веројатност од 63 проценти земјотресите да се случуваат на очекувани периоди. Може да бидат на почетокот, на средината или на крајот на периодот. Имаме податоци за сеизмичката активност постари и од 2.000 години врз база на кои се пресметуваат овие периоди“ – објаснува Чунихин.

Како пример се посочува валандовската серија земјотреси во 2009 година кога имало 1.500 земјотреси за еден месец.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.