Следи нѐ
To Top

ЧЕРНИХ: Двата земјотреси кои вечерва го стресоа Скопје се афтершокови

Двата последователни земјотреси кои се почувствуваа вечерва се афтершокови, односно последица на вчерашниот земјотрес од 5,3 степени по Рихтер, смета Драгана Черних, сеизмолог во Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

-Никој сеизмолог, ниту сеизмолошка станица нема информации кога ќе се случи земјотрес, истакна Черних за ТВ Нова и додаде дека искуството покажува дека во скопскиот регион земјотреси со магнитуда 4 се случуваат на десетина години, оние со магнитуда 5 на 100 години, додека пак тие со магнитуда шест на 500 години.

Во 1921 година имаше земјотрес со магнитуда од околу 4,8, потоа следеше силниот земјотрес во 1963, па вчерашниот земјотрес кој го стресе скопскиот регион.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.