Следи нѐ
To Top

Само 6.000 влезници за концертот на легендарниот Жан-Мишел Жар во Скопје

Стартува продажбата на билетите за концертот на легендарниот ЖАН-МИШЕЛ ЖАР во Скопје, кој ќе се одржи на 13ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“!

Во густиот концертен календар на Жан-Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, со што македонската публика прв пат ќе ја има привилегијата да ужива во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ја единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и тоа во лимитиран број односно во продажба се пуштени само 6000 билети, а со овој капацитет скопскиот концерт на Жан-Мишел Жар претставува своевиден ексклузивитет во неговата турнеја во чии рамки тој настапува пред повеќекратно повеќе публика.

Но и покрај тоа, цените на билетите за ова спектакуларно аудио-визуелно шоу се најповолни споредбено со европскиот пазар и повеќекратно пониски во споредба со цените за останатите концерти на Жан-Мишел Жар ширум светот.

Цени на билетите:

  • партер: 1000 денари,
  • фан пит: 1200 денари,
  • блок 5, 6, 10, 11: 1200 денари,
  • блок 7, 8, 9: 1300 денари,
  • блок 3: 1500 денари,
  • блок 2, 4, 12, 14: 1600 денари,
  • ВИП (блок 13): 2000 денари.

unnamed-4

Продажни места:

Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;

Во Охрид: New Tobacco;

Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;

Онлајн на mktickets.mk .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.