Следи нѐ
To Top

ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: Од понеделник заладување со врнежи од дожд и засилен ветер

Во Македонија викендов ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Во сабота попладне и в недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава, соопшти УХМР.

Позначителна промена на времето ќе има в понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.