//
Следи нѐ
To Top

И медиумите и познатите личности треба да внимаваат што пишуваат и што објавуваат

Не е тајна дека постои соработка помеѓу интернет медиумите и ликовите од нашата естрада кои се некогаш подготвени и да платат одредена сума со цел да бидат објавени и промовирани со бомбастични наслови и да добијат внимание во јавноста. Но, тоа излегува надвор од сферата на новинарството и преминува во сферата на маркетингот.

Да се вратиме на темата!

реклама

Јавните социјални профили на естрадните личности се многу често извор на разни вести кои секојдневно ги читаме на интернет. И тука се појавуваат две страни на приказната, првата кога со тенденциозно објавување на некоја фотографија или статус се бара внимание повеќе, а втората кога сериозно се нарушува приватноста на одредена личност.

Објавувањето и пренесувањето на атрактивни фотографии или скандалозни статуси напишани од некоја позната личности е веќе одамна воведен тренд во пишувањето низ холивудскиот медиумски бизнис и сведоци сме дека тој тип на известување е сѐ повеќе застапен и кај нас. И добро е што се огледуваме на нив затоа што даваме можност на нашата естрада да добие бесплатен медиумски простор, во терминологијата наречен публицитет и внимание кај јавноста.

Но, што кога се пласираат невистини и се повредува приватноста? Ќе ја цитирам професорката Татјана Алексиќ која вели – медиумските влијанија и нивната перцепција се во коегзистенција. Обликувањето или би рекол „облекувањето“ на реалноста по вештачки медиумски пат е бесрамно „соблекување“ на индивидуалноста и интимноста што е одземање на правото за слобода. А одрекнување на нечија интимност и приватност кај докторите често се дијагностицира како психичка болест.

Затоа и медиумите и познатите личности треба да внимаваат што пишуваат и што објавуваат. Присутноста на социјалните мрежи и бројот на лајкови или пријатели не ги диктира пишувањата во медиумите.

Да за ексклузивна и интересна вест, но не за повредување на приватноста. А за нас, новинарите, ова треба да биде редовна пракса.

Целосната анализа погледнете ја во Бекстејџ, од седмата минута:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Здодевност

    Чекаме , проклето здодевно чекаме некој да дојде, нешто да се случи, ветер да дувне, дожд да не плакне, снег да...

    Татјана Алексиќдекември 10, 2018
  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Ѓорги Селковсептември 16, 2016
  • Бес(з) трага од омраза

    „Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“. реклама

    Ѓорги Селковсептември 16, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: