Поврзи се со нас

Популарно.мк

ЊУЈОРК: При експлозија се повредени 29 лица

Актуелно

ЊУЈОРК: При експлозија се повредени 29 лица

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа го вознемири квартот Челси во Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јави „Си-Ен-Ен“.

Полицијата ги проверува видеата од местото на првата експлозија на  кои изгледа е прикажано лице кое остава нешто зад себе, поради што полицијата дошла до заклучок дека експлозивот бил оставен со намера.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека според првите индикации станува збор за намерно предизвикување на експлозија.

– Ние не гледаме поврзаност со тероризам, заклучи Де Блазио.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.