Следи нѐ
To Top

Анџелина Џоли се разведува од Бред Пит?

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Бред Пит и воедно бара целосно старателство над нивните шест деца.

Американските медиуми пишуваат дека причините за разводот е тоа што Бред постојано пие, или пак дека станува збор за неверствона  Бред и „афера” со француската актерка Марион Котијар.

Наводно Анџелина ангажирала приватен детектив кој го видел „неверството” Бред со 40-годишната француска актерка Марион Котијар, која, исто така, е и пејачка и активист на „Гринпис“.

„ТМЗ“ пишува дека актерката поднела барање за развод од својот сопруг, со кого беше само две години брак, но повеќе од една деценија во врска.

Причината за разделба на двојката, која се сметаше за многу хармонична е наводниот проблем со одгледување на деца. “„ТМЗ“ наведува дека Анџелина во тужбата за развод навела дека сака целосно старателство над децата, бидејќи биле доведени во прашање методите на родителство на Бред.

Не е познато што тоа актерот направилшто оскаровката Џоли не може да му прости, но најавено е дека во судот таа ќе побара Бред да ги гледа децата само под надзор.

Бред на Анџелина нема да мора да и плаќа алиментација, имотот ќе биде поделен подеднакво. Нејзиниот адвокат наведе дека барањето за развод е со датум од 15 септември.

Анџелина е „тешка’ околу 145 милиони долари, а нејзиниот иден поранешен сопруг се проценува на 240 милиони долари.

Анџелина има шест деца. Сама во 2002 година посвои Медокс од Камбоџа, а потоа со Пит во 2005 година ја донесе Захара од Етиопија. Во Намибија во 2006 година го роди своето прво дете, ќерката, Шило, а една година подоцна го посвоија Пакс од Виетнам. Близнаците Вивиен и Нокс ги роди во Франција, во 2008 година. Сите деца се презиваат Џоли-Пит.

Од 1996 до 1999 година актерката беше во брак со британскиот актер Џони Ли Милер, а од 2000 до 2003 година со американскиот актер Били Боб Торнтон. На почетокот на 2005 година, таа го сретна Бред на снимањето на филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“, каде се вљубиле и станаа двојка. Наводно поради Џоли, Бред Пит се разведе од Џенифер Анистон, но ниту една страна таа информација никогаш директно не ја потврди.

Двојката учествуваа во два филма во кои се појавија заедно  „Г-дин и г-ѓа Смит„ и „Покрај морето“

Во средината на 2013 година, Анџелина, која често е вброена на листите најубави и најсекси жени во светот, објави дека двете дојки ги отстранила за да ги намали шансите за развој на рак, од кој почина нејзината мајка. Актерката рече дека планира да ги отстрани и  јајниците и матката.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.