Поврзи се со нас

Популарно.мк

Нова радио станица во скопскиот етер

МК Сцена

Нова радио станица во скопскиот етер

На фреквенцијата 107,4 денеска во скопскиот етер започна со работа новото „Хепи радио“.

Главниот и одговорен уредник Иван Беќковиќ зборувајќи за концептот и програмската шема на новата градска фреквенција рече дека во текот на денот радиото ќе има цели 14 часа програма во живо, како и целоноќна одбрана музика.

Директорот и еден од сопствениците на радиото, Владо Јаневски истакна дека главна цел на радиото е да шири добра вибрација низ градскиот етер и дека целта на неговиот тим е да стане најдобриот пријател на сите слушатели кои ќе дојдат на оваа фреквенција.

Гласовите кои ќе им прават друштво на скопјани им припаѓаат на Оливера Петрушевска, Марко Новески, Ана Тодевска, Зорица Црношија, Маја Бабиќ и Маја Ристовска.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.